Ноќта зад нас во НБА лигата беа одиграни дури дванаесет натпревари. Во нив кошаркарите кои доаѓаат од Европа доминираа.
По три натпревари пауза Никола Јокиќ се врати на теренот и веднаш оствари даб-дабл, за нова победа на Денвер. Актуелниот шампион славеше над Мемфис со 128-103. На Србинот му недостасуваа две додавања да има троен учинок, а средбата ја заврши со 29 поени, 11 скокови и 8 асистенции.
На гостувањето лак Јута екипата на Далас славеше со 115-105, натпревар во кој доминираа Лари Марканен и Лука Дончиќ. Финецот за поразената екипа постигна 34 поени и беше најефикасниот играч на натпреварот. Словенецот оствари трипл-дабл со 29 поени, 13 асистенции и 12 скокови.
Иако имаше само 11 поени, на кои додаде 13 скока и 10 асистенции, Литванецот, Домантис Сабонис оствари историски успех. Тој стана петтиот кошаркар во историјата на НБА со 25 трипл-дабл ефекти во една сезона. Неговата екипа Сакраменто славеше со 108096 над Филаделфија.
Вечерта го одбележа дуелот меѓу Атланта и Бостон во кој домашниот состав со голем пресврт славеше победа. Иако Атланта во првото полувреме имаше и 30 поени негатива, популарните „Хоукс“ на крајот славеа со 120-118. Бадијала останаа 37-те поени на Тејтјум и 24-те на Браун кога „Селтикси“ не утепаа да го врзат десеттиот триумф во низа.