Кошаркарите на Чаир славеа важна победа на гостувањето кај Еруо Никел и тоа по продолжение
На дуелот во „Јасмин“ се играат дополнителни пет минути, откако регуларниот дел заврши нерешено 82:82.
Двата тима имаа свои добри периоди на игра, но ниту еден не успеа да создаде посериозна предност. Во таквата игра на 110.секунди до крајот чаирчани имаа осум поени предност (72-80), која не успеаја да ја сочуваат. Не постигнаа ниту еден поен, а примија осум, па кавадарчани се изборија за продолжение.
Во нив, ревија на тројки на двете страни. Американецот, Мексвејн донесе предност на кавадарчани од 87:82, но гостите вратија со две тројки на Рушит за водство на Чаир со 92:90. Соколов на 33.секунди погоди нова тројка за 93:92, за Еуро Никел.
Конечниот збор сепак го имаа гостите. Далгер го погоди најважниот шут за победа на Чаир со конечни 94:93.
Прв стрелец во победничката екипа беше Галовеј со 30 поени, а Какруки имаше 22 поени на кои додаде осум скока, додека 20 поени реализира Далгер.
Кај Еуро Никел, четворица играчи од стартните пет завршија како „двоцифрени“. Дубински реализираше 28, Соколов застана на 21, Смит Мексвејн имаше 19, а Врањеш 18 поени.
ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 36 (-1 натпревар помалку), Чаир 35, Пелистер 34 (-1), Еуро Никел 34, ТФТ 33 (-1), Феникс 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25 (-1), Академија ФМП 24 (-1), Вардар 23 (-1).