Дуелите на кошаркарите на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром секогаш привлекуваат внимание, без разлика во која категорија се играат.

Денешниот дуел беше дел од 20-тото коло во Втората лига. Практично вторите состави на „вечните“ играа во СЦ „Кале“ од каде аеродромци излегоа како победници. МЗТ Скопје У.Б. славеше над Работнички 2018 со 79-72.

Интересен натпревар, особено прво полувреме одиграа овие два тима. По првите 20-минути сино-белите имаа предност со три поени 38-41 (16-21 и 22-20). Аеродромци беа подобар тим во текот на целиот натпревар во кој клучната предност ја направите во третата четвртина. Со осумте поени на Пандев, МЗТ го доби тој период и со десет разлика влезе во последната четвртина (61-51). Иако последната четвртина им пропадна на црвените од „Градски парк“, сепак МЗТ ја сочува предноста и забележа победа со конечни 79-72.

По ова победа, како и вчерашниот пораз на штипските Соколи на гостувањето кај лидерот МКК Куманово, тимот на МЗТ во најмала рака го осигура петтото место. Аеродромци имаат победа помалку од Ангели кои во оваа рунда се слободни.

Преостанатите три натпревари од ова коло ќе се играат утре, а најинтересно ќе биде на дуелот Водно Санс – Мага баскет, кој директно може да реши за место во плејофот.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО
сабота

РАБОТНИЧКИ 2018 – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 72-79
петок
МКК КУМАНОВО – СОКОЛИ 85-62
недела
17.00 ВОДНО САНС – МЕГА БАСКЕТ
17.00 ТЕТЕКС – ШКУПИ
18.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – МАЏАРИ
слободен АНГЕЛИ

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА: МКК Куманово 36, Шкупи 31, Маџари 31, Ангели 30, МЗТ Скопје УБ 30, Соколи 25, Борец баскет 24, Водно Санс 23, Мега Баскет 22, Работнички 2018 21, Тетекс 18.