Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) денеска го прославува 32-риот роденден.
Имено на денешен ден (20 Март 1992 година), на иницијатива на Националните спортски федерации и истакнати спортски работници, во хотелот Гранд (сегашен Холидеј Ин), формиран е МОК.
Во 30 годишното постоење од независноста на Македонија, македонскиот олимпизам може да се пофали со два освоени медали.
Во историјата на македонскиот спорт остануваат резултатите на, борачот Могамед Ибрагимов (бронза 2000 во Сиднеј) и таеквондистот Дејан Георгиевски (сребро 2021 Пекинг).
Колкумина македонски спортисти летово ќе настапат на ЛОИ во Париз, останува да видиме.
MOK ја одвива својата активност преку своите органи и тела меѓу највисоки се Собранието и Управниот одбор. Во ширењето на олимпизмот има востановено повеќе традиционални Олимписки манифестации и приредби од спортски, културен или хуманитарен карактер.
ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА МОК СЕ
• Подготовка и учество на спортистите од Република Северна Македонија на Летните и Зимските Олимписките игри
• Развој и ширење на олимпиското движење во Република Северна Македонија
• Почитување на Олимписката повелба
• Ширење на основните принципи на Олимпизмот преку активности и програми кои се реализират во рамките на образовниот и културниот живот
• Развој на врвниот спорт
• Развој на меѓународна соработка во областа на спортот
• Грижa за здравјето на спортистите, посебно почитувајќи го медицинскиот код на Меѓународниот олимписки комитет и Светскиот анти-допинг код на Светската Анти-допинг Агенција
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Покрај учеството на летните и зимските Олимписки игри и Европските игри (2015, 2019, 2023), МОК ги организира и настапите на младите македонски спортисти на Младинските олимписки игри, летни и зимски (МОИ). Да потсетиме, првите летни МОИ се одржаа во Сингапур 2010, Нанџинг 2014, Буенос Аирес 2018, а првите зимски МОИ се одржаа во Инсбрук (Австрија) 2012, Лилехамер 2016 и Лозана 2020.
МОК е полноправен член и на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри и врз основа на оваа привилегија и обврска, нашите најдобри спортисти учествуваа на Медитеранските игри во Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022.Во Скопје, во перидот 20-26 Јули 2025 година ќе се одржат 18-те Европски младински Олимписки игри кој е прв мулти спортски настан од овој вид во нашата држава.
Првото учество на спортисти од Македонија на летните олимпијади е врзано за австралиското копно, односно во Мелбурн 1956. На ОИ Барселона 1992 година, македонските спортисти настапија со статус – независни учесници бидејќи МОК се уште не беше примен како полноправен член на ИОК, па оттука ЛОИ Атланта 1996 е првата нивна олимпијада под знамето на Република Македонија. Што се однесува до зимските олимписки игри, првото учество на македонскиот олимписки тим е врзано за Нагано 1998 година.