Голем успех оствари македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа во меч од 1.коло на ИТФ фјучрсот во Шарм Ел Шеик ја совлада првата носителка Адитиа Карунаратне од Хонг Конг.

Магдалена слевеше победа со три сета (2-1) и тоа во меќот што безмалки траеше три часа.

Првиот сет со 6:2 во гемови го доби ривалската на Стоилковска. Во вториот, македонската тенисерка поведе со 3:1 во гемови што се покажа за клучно во вториот сет, кој го заврши со 6:4. Во решавачкиот сет по 2:2 во гемови, Стоилковска поведе со 5:2. Сепак таа, и дозволи на противничката да изедначи на 5:5. Магдалена сепак успеа да ги добие следните два и да го заврши сетот со 7:5.

Утре во меч од второто коло противничка ќе и биде Џулијана Бестети од Италија (26 години, 1061.место ВТА), која исто како и Стоилковска преку квалификации стигна до второто коло. Бестети ја победи Ванеса Теиушану од Романија со 2-0 во сетови.

На турнирот во Аламинос, Ларнака меч од второто коло утре ќе игра и Лина Ѓорческа против Дебора Киеса од Италија.