Екипата на Трабзонспорт за која настапува Енес Барди е поразена во дербито со Фенербахче со 2:3.
Но, она што нас особено е не интересира е настапот на капитенот на македонската репрезентација. Барди го одигра второто полувреме, a во 63-тата минута постигна ефектен гол.
Тој од слободен удар го совлада хрватскиот репрезентативец голман Ливаковиќ и намали на 1:2.
Сепак, тоа не му помогна на Трабзонспорт да го избегне поразот од големиот ривал.
Трабзонспорт со 49 бодови е на 3.место на табелата, но далеку зад фаворитите за титулата. Лидер е Галатасарај со 81 бод, два повеќе од Фенербахче на кој е втор.