Екипата на Фулам ги надигра фудбалерите на Тотенхем со 3:0. Анге Постекоглу и Тотенхем не успеаја да најдат одговор за разиграните домаќини.
Во првиот дел играта беше доста мирна. Немаше многу упатени удари во головите. На еден од малкуте удари во 42.та минута Родриго Муниз го отвори резултатот.
Во второто полувреме се разиграа домаќините.
Саша Луќиќ во 49.та минута зголеми на 2:0. Родриго Муниз на 3:0 зголеми во 61.та минута. Во 64.та минута Палиња постигна гол за 4:0, но ВАР го поништи поради офсајд.
Фулам со оваа победа има учинок од 38 бода на 29 одиграни натпревари и се наоѓа на 12-та позиција.
Тотенхем пак има одиграно еден натпревар помалку и на 28 натпревари е на 5-та позиција со 53 бода.