По изненадувањето на Ковентри, Манчестер Сити на „Етихад“ го совлада Њукасл со 2:0 и се пласираше во полуфиналето на ФА купот.
Стрелец на двата погодоци за „граѓаните“, а воедно и на натпреварот ги постигна португалецот, Бернардо Силва.
Сити дојде до предност уште во 13-тата минута кога по асистенција на Родри прекрасно биеше Силва за водство од 1:0. Истиот играч во 31-та минута му донесе и двојна предност на домаќинот.
Во вториот дел, екипата на Пеп Гвардиола во негов стил ја обработија задачата – да ја одржат предноста од полувремето, и дојдоа до рутинска победа.
Манчестер Сити и Ковентри во полуфиналето ќе ги чекаат победниците од утрешните натпреварите меѓу Челзи и Лестер (13:45 часот) и Манчестер Јунајтед и Ливерпул (16:30).