Екипата на Вулверхемптон на домашен терен загуби од второлигашот Ковентри со 3:2 во четвртфиналниот дуел од ФА Купот на Англија.

Гостите од Ковентри дојдоа до пресврт во судиското надополнување со головите на Елис Симс и Хаџи Рајт.

Ковентри кој се наоѓа на осмата позиција во Чемпионшип, прв дојде до водство од 1:0, а стрелец на голот беше Симс во 53-тата минута.

Домаќините со головите на Аит Нури и Хуго Буено во 83-тата и 88-та минута дојдоа до целосен пресврт и водство од 2:1.

Но, Ковентри имаше одговор на сето ова. Во седмата минута од судиското надополнување Симс со својот втор погодок на натпреварот успеа да ги врати во игра своите соиграчи.

Комплетната надеж на гостите се исплатеше на крајот бидејќи во 100-тата минута Хаџи Рајт постигна погодок повторно водство, овој пат со 3:2. Тоа значеше победа и пласман во полуфиналето на ФА Купот на второлигашот Ковентри.

Имено, Ковентри се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, прв пат по 1987-та година.