Ракометната репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра вториот контролниот дуел со селекцијата на Романија.
Дуелот се игра во романскиот град Браила и ќе биде последна контрола за избраниците на селекторот Кирил Лазаров пред бараж дуелите со Фарски острови, кои нашата репрезентација ги игра на почетокот на месец мај.
Во првиот контролен дуел со Романија, одигран вчера Македонија загуби со 32:27, а на полувреме нашата репрезентација водеше со 16:15. Овој натпревар беше затворен за јавноста, со цел двајцата селектори да ги воиграат своите селекции „надвор од очите на јавноста“.
Бараж дуелите со Фарски острови се играат на 8.мај на гости и на 12.мај во Скопје.
Денешниот натпревар Романија – Македонија чиј старт е во 16:30 часот, ќе може да го следите ОВДЕ ВО ЖИВО.