Контролни натпревари на македонската репрезентација, со Молдавија и Црна Гора, се причината поради која ќе има мала промена во Првата фудбалска лига.

Имено наместо вообичаениот термин во недела, поголемиот дел од натпреварите од пристојното 24.коло ќе се играат во сабота.

Освен натпреварот меѓу Работнички и Струга Трим Лум, останатите пет се закажани за во сабота во терминот од 15 часот.

Најголемо внимание секако ќе привлече дуелот во Маџари, каде на стадионот „Борис Трајковски“ Вардар ќе ка пречека тетовска Шкендија.

ПРВА ЛИГА – 24.КОЛО
сабота (15 часот)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
СИЛЕКС – БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ
недела (15 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ