Откако беше јасно дека ќе остане без неколкумина од повиканите во националниот тим, селекторот Лазаров информира за уште две откажувања.
По Костески, Јагуриноски, П. Атанасијевиќ, сега Лазаров не ќе може да смета и на Филип Кузмановски. Под знак на прашање е и Милан Лазаревски.
„Хендикепирани сме затоа што повеќе од носителите не се со нас.
Треба да утврдиме како е Милан Лазаревски,
Утрово ми потврди дека добро се чувствува.Шанса ќе добијат млади играчи и добро ќе ни дојдат овие два натпревари.
Засега остануваме седумнаесет играчи, размислувам за уште едно-две нови имиња, но ќе одлучам по денешниот тренинг“,
изјави Лазаров.
Дополнително во тимот е повикан Давид Савревски, а Павле Атанасијевиќ вечерва ќе биде тестиран на тренинг, па ќе биде донесена одлука за него.