Екипите на Ливерпул и Манчестер Сити ги поделија бодовите на „Енфилд“ во дуелот од 28.коло од Премиер лигата, воедни дерби на колото. Нерешениот резултат беше остварен по голема борба, а двете екипи можат да жалат што не стигнаа до победата.
Први мрежата на натпреварот ја затресоа фудбалерите на Ливерпул, но голот на Луис Диаз беше поништен поради офсајд. Манчестер Сити ја искористи својата шанса во првиот дел и по невнимание на Ливерпул по корнерот на Кевин Де Брујн, Џон Стоунс ја затресе мрежата на Келехер во 23.минута. Домашните имаа неколку шанси до крајот на првиот дел, но немаше промени на резултатот.
Во вториот дел се виде тотално друг натпревар. Ливерпул се трансформира во играта. По невниманието на Аке и вратената топка, Едерсон беше невнимателен и направи пенал. Сигурем реализатор на ударот од белата точка беше Алекс Мекалистер во 50.минута. По фаулот Едерсон се повреди и неколку минути подоцна ја напушти играта.
До крајот на натпреварот Ливерпул продолжи да го напаѓа голот на Сити и промашија неколку шанси, пред се Диаз. Но, и „граѓаните“ се заканија и во два наврати ја погодина рамката на голот на Келехер по влегувањето во игра на Доку. Возбудување имаше и во судиското надополнување по фаулот на Доку над Мексалистер, но судија Оливер не покажа по вторпат на белата точка за „црвените“.
Со ова реми на Ливерпул, Арсенал е лидер на табелата поради подобрата гол разлика од Ливерпул. Арсенал има +46, а Ливерпул +39 со идентичен број бодови 64. Манчестер Сити ги следи на третата позиција со 63 бода.