Екипата на МКК Куманово го продолжи максималниот ефект, кога во прашање е Втората машка кошаркарска лига.
Кумановци до својата 17-та победа сезонава стигаа во дуелот со Мега баскет кого го совладаа со 54 поени разлика.
Избраниците на екс-селекторот на Македонија, Марин Докузовски, лесно се справија со гостите од Прилеп. Победата ја најавија уште по првата четвртина која ја добија двојно (30-15). По втората четвртина домаќините, додадоа уште седум повеќе, па на пауза замина со предност од 22 поени разлика 57-33.
Второто полувреме беше чиста формалност. Гостите од Прилеп имаа неславен рекорд во овој дел. Во третата четвртина постигнаа само 2, во четвртата 5, или севкупно 7 поени во едно полувреме. На крајот МКК Куманово славеше со конечни 94-40.
Дербито од оваа 18-та рунда е во тел, а се игра во Чаир, каде второ пласираниот Маџари му гостува на Шкупи.
Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО
недела
MKK КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ 94-40
18.00 ШКУПИ – МАЏАРИ
19.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС
19.00 ТЕТЕКС ТТК – СОКОЛИ
сабота
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 68-58
слободен БОРЕЦ БАСКЕТ
ТАБЕЛА: МКК Куманово 36, Маџари 28, Ангели 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје У.Б. 26, Борец баскет 23, Мега Баскет 21, Соколи 20, Водно Санс 20, Работнички 2018 18, Тетекс 16.