Најтрофејниот италијански клуб Милан стигна до нова победа во италијанската Серија А.

Во рамките на 28-то коло Милан на Сан Сиро славеше против Емполи со минимални 1-0.

Голот за победа и нови три бода беше дело на Кристијан Пулишиќ на асистенција на Окафор во 41-та минута од првото полувреме.

Во вториот дел Емполи се обидуваше да стигне до израмнување, имаше и една пречка но беше далеку од загрозување на голот на Мањан. 

Па така трите бода заслужено останаа во Милано. „Росо-нерите“ се искачија на втората позиција на табелата со 59 бода, два повеќе од Јувентус, кој вечерва ја пречекува Аталанта.

Во следното коло Милан игра нагости кај Верона, а Емполи ја пречекува Болоња.