Интер на гостински терен ја совлада Болоња со минимални 1:0 и е се поблизу до ново „Скудето“.

Младиот дефанзивец на Интер, Јан Бисек, беше херојот на „росонерите“ во победата над Болоња од 1:0.

Интензивно прво полувреме одиграа двете екипи со голем број на шанси. Но, Интер беше поуспешен и успеа да реализира една од нив.

Јан Бисек, погоди за водство на гостите од 1:0 во 37-та минута по прекрасниот удар со глава на асистенција на Алесандро Бастони.

Во вториот дел домаќините се обидуваа да креираат прилики за да се вратат во натпреварот. Најголемата шанса за Болоња ја имаше Џошуа Зиркзе во 78-та минута. Тој не успеа да реализира „очи во очи“ со голманот на Интер, Јан Зомер.

Интер со овој триумф е зацврстен на првата позиција со 75 освоени бодови, осумнаесет повеќе од второпласираниот Јувентус (кој има натпревар помалку). Болоња останува на четвртата позиција со 51 бод.