Голема и важна победа за Еуро Никел во дербито на колото во првата кошаркарска лига на Македонија.

Во Кавадарци, домашниот состав славеше убедлива победа над Феникс 2010 со 84-68.

Феникс пак по победата над шампионит МЗТ Скопје во минатато коло, сега немаа свој ден и беа заслужено поразени од подобриот тим.

Само една четвртина и тоа почетната ја доби Феникс, а потоа Еуро Никел направи пресврт и постепено ја зголемуваше разликата.

Имаа плус пет позитива на полувремето од 44-39. До крајот на мечот позитивата стигна и до +16 за сигурна победа на Еуро Никел.

Меквин беше прв стрелец со 22 коша, Соколов имаше 19 поени и 8 скока, а 16 Дубински.

За Феникс кој го забележа осмиот пораз во сезоната, Метјус даде 19.поени, а Трајковски додаде 13 за 7-мо место на табелата.