Првиот натпревар од 28.коло од Премиер лигата заврши со триумф на Манчестер Јунајтед и со тоа постигнаа победа по двата пораза во претходните две кола. Совладана беше екипата на Евертон со 2:0 откако двата гола „црвените ѓаволи“ ги постигнаа со удари од белата точка во првиот дел.
Двата пенала беа досудени по фаули на Гарначо. Првиот беше во 12.та минута, а сигурен реализатор беше Бруно Фернандеш. Во 36.та минута судијата Сајмон Хупер по вторпат покажа на белата точка по фаул на Гаранчо, а сигурен „пеналџија“ беше Маркус Рашфорд.
Со новите три бодови Манчестер Јунајтед се зацврсти на шестото место на табелата со 47 бодови, а Евертон ја продолжи низата од 11 натпревари без триумф во Премиер лигата и сега е на 16.то место со 25 бодови (шест одземени).