Неполни седум дена по натпреварот во финалето од Купот на Македонија, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет Kам ќе одиграат уште еден. Сега во рамките на 3.коло од „оролоџото“.

Промената е само местото на одигрување на оваа средба, ќе се игра во салата „Независна Македонија“.

Актуелниот првак има големи три бода предност во однос на МЗТ Скопје и Вардар. Со евентуален нов успех, извесно е дека ќе ја обезбеди првата стартна позиција. Победа на аеродромки ќе значи и шанса за задржување на позицијата број 2, која носи полесен пат до финалето на плеј-офот.

Интересен натпревар се очекува да се одигра и во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, каде гостува Бадел. Домашниот тим е со амбиции да дојде до двата бода кои ги оставаат во натпреварувањето за 4 место на табелата. Таа позиција сега и припаѓа на екипата на Куманово-Гризли, која во недела е домаќин на кавадаречки Пробаскет.

Оваа рунда ќе ја отворат Вардар и Струга.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“ – 3.КОЛО
сабота
12.00 ВАРДАР – СТРУГА 20 09
18.00 КРИВА ПАЛАНКА – БАДЕЛ
недела
12.00 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – БАСКЕТ КАМ
19.15 КУМАНОВО-ГРИЗЛИ – ПРОБАСКЕТ

ТАБЕЛА: БАСКЕТ KАМ 30, ВАРДАР 27, МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 27, КУМАНОВО-ГРИЗЛИ 25, КРИВА ПАЛАНКА 24, БАДЕЛ 22, ПРОБАСКЕТ 21, СТРУГА 16;