Кошаркарките на Баскет кам ја продолжија победничката серија и во првенствените натпревари.
По освојувањето на националниот Куп, девојките од Македонска Каменица им се вратија и на прволигашките обврски. И во заостанатиот натпревар од второто коло од „Оролоџото“; на свој терен беа подобри од екипата на Вардар со конечни (68:63).
Гостинките од скопје го добија првиот период од играта со (15:11), домашниот тим се врати во вториот, и на полувреме се стекна со предност од (36:32),
Слично се одвиваа работите и во второто полувреме. „Вардарки“ го добија третито дел (19:17), но решавачката четвртина му прадна на Баскет кам, за конечни (68:63).
Комплетната прва петорка на екипата која ја предводи тренерот Жаклина Стојановска, заврши како „двоцифрена“. Најмногу, 17 поени, даде Адамоска, Димова имаше 15, Кметовска 12, а Поп Димитровска и Николов по 11.
На другата страна, Матие, беше прва на листата на стрелците, реализираше 23. поени.
По комплетирањето на ова коло, Баскет Кам има ефект (14-2) и предност од три бодови во Вардар и МЗТ Скопје Аеродром (ефект 11-5).