Ељиф Елмас и неговиот Лајпциг се елиминирани во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец имаше скромна минутажа во ремито на Лајпциг 1:1 на гостувањето во Мадрид со Реал. Со вкупен резултат од 2:1 „Кралевите“ се пласираа во четвртфиналето.

Во првиот дел натпреварот се одвиваше многу мирно. Двете страни имаа по неколку шанси, но голманите беа на свое ниво. На полувреме се замина со 0:0.

Вториот дел беше оној кога се разбудија двете екипи. Реал тргна поотворено и сето тоа резултираше со прекрасен акција на Белингем и Винициус во која што Бразилецот стрелаше за 1:0.

Набрзо потоа се отвори и Лајпциг кој посериозно нападна на голот на Лунин. Брзо резултатот беше вратен на 1:1 по голот на Вили Орбан.

Елиф Елмас ги одигра последните минути бидејќи влезе во 85-та минута.

Место во полуфиналето покрај Реал вечерва обезбеди и актуелниот шампион Манчестер Сити. Претходно (вчеравечер) во ТОП-8 се пласираа ПСЖ и минхенски Баерн.