Македонскиот ракометар и репрезентативец, Филип Кузмановски официјално се пресели во Бундеслигашот Вецлар, а двете страни потпишаа договор на година и половина, со можност за продолжување на истиот.
Кузмановски во Вецлар доаѓа од редовите на Хановер, а ова е трет тим во Бундеслигата за кој ќе настапува нашиот репрезентативец откако пред Хановер настапуваше и за Магдебург.
Во стручниот штаб на Вецлар е и легендата на Македонскиот ракомет, Филип Миркуловски, па се очекува да му биде од голема помош на Кузмановски во адаптацијата во новата средина.
Неговото деби за Вецлар се очекува да биде против Фуксе Берлин.