Екипата на Чаир потпиша ново засилување за продолжението од сезоната. Се работи за Ангела Костовиќ која има 21 година и игра на десната бековска позиција. За екипата на Чаир ова е прво засилување за оваа полусезона.
Претходната полусезона таа беше дел од екипата на Ѓорче Петров но, не доби голема минутажа. Додека пред да замине во Ѓорче таа една сезона играше во тимот на Овче Поле.
Костовиќ поголемиот дел од нејзината кариера го помина во тимот на Вардар. Таа со Вардар има постигнато многу успеси во сите младински категории.
Ангела својот деби натпревар го одигра минатото коло против екипата на тимот на Пелистер.
Екипата на Чаир моментално се наоѓа на второто место на табелата со 40 бода. Додека на првата позиција сеуште се наоѓа Ѓорче Петров без ниту еден пораз и максимални 45 бода.
Ивона Кимовска