Најголемото клупско, латино-американско дерби, дуелот аргентинските ривали, Ривер Плата и Бока Јуниорс заврши без победник.
Како и секогаш така и вечерва, во 261-то „Супер класико“, имаше фантастична атмосферата и амбиент, пред и на трибините. А, на теренот, голема борба од првата до последната минута.
Ривер имаше позрели можности, но на голот на Бока одличен беше поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Ромеро.
Но, Ромеро не можеше да направи ништо во 49-тата минута кога Солари шутираше и донесе предност на Ривер Плата од 1:0.
Бока не се предаваше, па во 70-тата минута, по нафрлувањето на Бланко нафрли од левата страна, Медина биеше од десет метри и израмни на 1:1.
Тој резултат остана и на крајот на натпреварот иако домаќините во меѓувреме имаа две одлични можности за гол и победа. Така Бока освои бод на тешкото гостување кај лутиот ривал..