Лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, тимот на Реал Мадрид стигна до тешка победа во дуелот против Севиља.

Пред своите симпатизер, а во меч од 26.коло, Реал ја совлада Севиља минимално со 1-0.

Мака мачеа „Кралевите“ да го скршат отпорот на Андалузијците. Создаваа шанси, но без реализација. Така беше цели 81-та минута.

Откако пет минути претходно, Лука Модриќ влезе во игра постигна гол. Хрватот со ефектен удар од работ на казнениот простор погоди за 1:0. Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

Реал, кој е прв на табелата, сега 65 бодови, дури осум повеќе од второ пласираната Барселона. Екипата на Џирона која врза два порази сега е трета и остана на 56 бодови.