Кајри Ирвинг на најдобар можен начин го започна своето настап во дресот на својот нов тим Далас „Маверикс“.
Довчерашниот плејмејкер на Бруклин одигра брилијантен натпревар во дресот на Далас. Ирвинг во отсуство на првата ѕвезда на „Маверикси“ Лука Дончиќ, беше најдобар стрелец со 24 поени, а имаше и 5 успешни подавања и 4 скокови. Далас славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 110-104.
Иако Xордан Пул реализира 38, а Клеј Томсон 31 поен за шампионот Голден Стејт во дуелот со Портланд на гостински терен сепак тоа не беше доволно „Воините“ да избегнат пораз со 115-122. Демјан Лилард на во победничката екипа оствари трипл-дабл со 33 пони, 11 скокови и 10 асистенции.
Од останатите натпревари. Го извојуваме дербито на истокот, одиграно во Бостон во кое „Селтикси“ го победија составот на Филаделфија со 106-99.
Натпреварот мина во знакот на двајца од петмината најсериозни претенденти за признанието МВП во регуларниот дел од сезоната, Џејсон Тејтјум и Џоел Ембид.
Домашниот кошаркар средбата ја заврши со скромни за него 12 поени, но затоа имаше и 9 скокови и 8 асистенции. На спротивната страна, Ембид уфрли 28 поени на кои придодаде 7 скокови, а Џејмс Харден остваври дабл-дабл со 26 поени и 11 асистенции, но тоа не беше доволно да се изненади најдобриот тим во лигата.