Некогашниот синоним за кошарката во Македонија, салата „Градски Парк“ одамна си го има отслужено своето.
Домот на КК Работнички, кој некогаш го носеше името „Храм на кошарката“ сега слободно може да се поистовети со сцена за „хорор филмови“.
Руинирани тоалети, вода на сите страни, дупки на паркетот, за хигиена и да не пишуваме, се само дел од работите кои се забележливи на прв поглед,
Ако до неодамна при секое мало врнење на дожд, кровот прокиснуваше и не можеше да се игра, сека и на „облаче“ нема услови за игра.
Таков беше и вчерашниот случај на второлигашите натпревар меѓи Работнички 2018 и Ангели. И да нема забуна, натпреварот се играше во пладневен термин од 13 часот. Веќе одредено време во „Парк“ не работат рефлекторите, па кошаркарите играа во полу-мрак.
Само по себе се поставува прашањето, како КФМ и натаму дозволува да се играат натпревари во ваков објект (невозможни е да се нарече спортска сала)?
Неодамна Владата на Република Македонија, донесе одлука со половина милион евра да се реконструира оваа сала.
Но, како стојат работите и како објектот секојдневно е се по руиниран, прашање е дали и Милион евра може да спасат, што може да се спаси.