Откако вчера беше одиграно дербито од 20.коло меѓу Струга ТЛ и Шкупи (1-1), попладнево ќе се играат останатите пет натпревари во ПМФЛ.

Натпреварот од голема важност во трката за шампионскиот трофеј ќе се игра во Тетово. Таму трето рангираната Шкендија ќе го пречека составот на Гостивар кој котира високо на петтото место. Тетовци се не поразени на домашен терен се од мај месец минатата година. Гостивар пак нема победа на гости од октомври кога славеше во Струмица. Ако оди се според планот на домаќините и ако ги освојат трите бода, ќе се израмнат со Струга, а ќе имаат бод помалку од лидерот Шкупи.

Голема борба за бодовите се очекува да се води и на останатите натпревари. Екипите Вардар, Македонија Ѓ.П. Воска и Брегалница се на само два бода во битката за опстанок. Не се многу далеку ниту штипска Брегалница и струмичка Брера. Силекс пак ќе сака да ја сочува четвртата позиција.

Затоа на сите натпревари може да очекуваме неизвесното и голема борба. А, кои ќе бидат резултатите ќе дознаеме по натпреварите чии почеток е закажан за 14 часот.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА – 20.КОЛО
недела (14 часот)

АП БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС
Одиграно вчера (сабота)
СТРУГА Т.Л. – ШКУПИ 1-0

Standings provided by Sofascore