Фудбалерите на Арсенал славеа убедлива победа над Њукасл со 4:1.
Иако дуелот на „Емирати“ во Лондон требаше да биде дерби, сепак, како на теренот како да постоеше само еден тим.
Работата на домаќините им беше олеснета во 18.минута кога поведоа благодарение на автогол на Ботман. Веќе во 24-тата беше 2:0, а за тоа се погрижи Каи Хаверц.
Голеадата продолжи во вториот дел. Сака (63) и Кивиор (69) веќе обезбедија убедлива предност за „топчиите“ со 4:0.
Стрелец на почесниот гол за гостите беше Вилок во 84-тата минута.
Арсенал останува во трка зад водечкиот тандем. Сега тимот од Лондон пак има два бода помалку од водечкиот Ливерпул, односно еден помалку од шампионот Манчестер Сити.