Во исклучително интересен натпревар Тиквеш успеа во дуелот од 3.коло од Супер лигата плеј оф да го совлада Вардар. За голема радост на навивачите во салата „Јасмин“ во Кавадарци, Тиквеш славеше со 22:20.
Во поголемиот дел од првиот дел беше изедначено, а Вардар имаше предност од 6:4, но домашниот тим брзо стигна до изедначување и на полувреме и до водство од 11:10.
Во вториот дел резултатот беше нерешен последен пат 15:15, за во продолжение домашниот тим да стигне до водство кое му донесе и победа. Во последните минути од дуелот најзабележителен поединец беше голманот на домашните Марјан Велков, додека најефикасен беше Ани Обинна со 7 голови, а кај Вардар Срдановиќ и Ѓукиќ постигнаа по 5.
Со оваа победа Тиквеш го мина Вардар на табелата.
На другите дуели одиграни денес, Пролет го совлада Бутел со 20:18, додека Алкалоид постигна победа на гостувањето кај Струга со 32:22. Утре играат Еурофарм Пелистер – Охрид.
На натпреварите во плеј аут лигата Прилеп е нов лидер откако го совлада Мулти Есенс со 34:31, а Еурофарм Пелистер 2 загуби на гостувањето во Неготино против Вардар со 24:23. МРК Куманово го победи Скопје 2020 со 32:26.
Табела Плеј оф: Алкалоид 12 бодови, Еурофарм Пелистер 8, Охрид 8, Тиквеш 7, Вардар 6, Пролет 3, Бутел 1, Струга 0.
Табела Плеј аут: Прилеп 11, Еурофарм Пелистер 2 8, МРК Куманово 7, Вардар Неготино 6, Мулти Есенс 4, Скопје 2020 3, Голден Арт КЛ7 3, Аеродром 0.