Фудбалерите на Баерн славеа победа над Лајпциг во дерби дуелот од 23.коло на Бундес лигата.

На натпреварот одигран во Минхен, јунак на домаќините беше Хари Кејн кој ги постигна двата гола за Баварците.

Првиот во 56-тата минута за водство од 1:0. Гостите се вратија во игра откако Шешко во 70-тата израмни на 1:1.

Кога сите очекуваа со тој резултат да заврши дуелот, Англичанецот постигна уште еден гол.

Се играше првата минута од судиското дополнение кога Кејн ги постави конечните 2:1 за Баерн.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас влезе во игра во 88-та минута, но не можеше да му помогне на својот тим.

Двете екипи остануваат на истите позиции на табелата. Баерн е втор со 8 бодови помалку од лидерот Баер Леверкузен. Тимот на Лајпциг е на четвртата позиција со еден бод помалку од Борусија Дортмунд.