НБА „Ол-стар“ натпреварите одамна го имаат загубено натпреварувачкиот карактер. Таков беше и синоќешниот во Индијанаполис, каде кошаркарите одиграа „ревијално“.
Истокот победи против Западот со резултат 211:186. Ако ништо друго барем на овој натпревар беше испишан рекорден број на поени. За прв пат во историјата една од екипите на мина границата од 200 поени. Претходниот рекорд го држеше Запад, кој во 2016 година постигна 196 поени.
Со вкупните 397 поени соборен е и рекордот од 2017 година кој изнесуваше 374 поени. Исток постигна 42 тројки на патот до победата, надминувајќи го Тим Леброн од пред четири години (35), додека нивните комбинирани 193 поени на полувремето го надминаа рекордот од минатата сезона (191).
За победничкиот тим Демијан Лилард постигна 39 поени и шест асистенции, Џејлен Браун додаде 36 поени и осум скока, додека Тајрис Халибартон 32 поени, седум скока и шест асистенции.
Дури 50 поени за Западот постигна Карл-Ентони Таунс (осум скокови), Шаи-Џилиус Александар додаде 31 поен и шест асистенции.
По победата во натпреварот за три поени во саботата, Лилард ја доби и наградата МВП на „ол-старот’.