Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски повеќе не е шампион во ММА.
Ова откако утринава Волкановски беше нокаутиран од Илија Топурија, во главната борба на 298 издание на ММА одржано во Анехајм.
Иако 35-годишниот Волкановски важеше за фаворит и беше подобар во првата рунда, Грузиецот, годен во Германија, во втората рунда успеа да го нокаутира шампионот.
Со тоа 27 годишниот Топурија ја продолжи победничката серија која сега изнесува 15 триумфи во исто толку борби.
Волкановски (26-4 победи-порази) не успеа по шести пат да ја одбрани титули.