Голеадата во 25.коло од англиската Премиер лига денес ја започна Ливерпул кој триумфираше со 4:1 над Брентфорд а ја продолжија останатите. Арсенал и Астон Вила обезбедија победи, додека Тотенхем на домашен терен беше поразен.
Екипата на Микел Артета убедливо го совлада Барнли на гости со 5:0. Уште на самиот старт во 4-тата минута Арсенал дојде до водство од 1:0 со голот на Мартин Одегард. Букајо Сака во продолжението постигна уште два за 3:0. А, со головите на Леандро Тросар и Каи Хаверц, „топџиите“ дојдоа до 5:0 и сигурна победа.
Астон Вила извојува победа на гостински терен против Фулам со 2:1. Астон Вила со головите на Оли Воткинс дојде до предност од 2:0. А, на 2:1 намали Бразилецот Родриго Муниз.
Тотенхем на домашен терен загуби од Волвс со 1:2. Победата на Волвс им ја донесе Џоао Гомез, кој ги постигна двата погодоци. Стрелец за единствениот гол на Тотенхем беше Дејан Кулушевски.
На останатите натпревари, Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ одигра нерешено со Борнмаут 2:2, а Нотингем Форест славеше над Вест Хем со 2:0.
Арсенал му се доближи на Ливерпул на само 2 бодови, Астон Вила се врати на победите и на четвртото место на табелата, додека Тотенхем падна на петтото место.