Со натпреварот одигра во Гостивар каде истоимената домашна екипа го пречека скопски Вардар, почна пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Воведниот натпревар од 19.коло заври без победник со резултат 1-1 .
Во првиот дел, двете екипи играа отворено, создадоа неколку шанси, но изостана реализацијата, а резултатот остана почетниот.
Во второто полувреме. Повеќе од играта имаа домашните фудбалери. Во неколку наврати се заканија по голот на Гачевски. И како вообичаено бидува, она што домаќините не го искористија, гостите го казнија.
Во 85.минута Ненад Мишковски погоди за водство на Вардар од 1-0.
Гостиварци не се откажаа, па преку Шушковиќ во судиското дополнение стигнаа до израмнување 1-1. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.
За утре закажани се другите, пет, натпревари од оваа рунда, сите со почеток од 14 часот.
ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
сабота
ГОСТИВАР – ВАРДАР
недела (14 часот)
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ