Ракометарите на Вардар ја остварија првата победа во плеј-офот на Супер лигата. Откако на стартот беа поразено од Е. Пелистер во дербито, вечерва го победија тимот на Пролет.
Во натпревар од 2.коло, одигра во СЦ „Јане Сандански“, Вардар славеше убедливо со 32-18.
Од самиот почеток црвено-црните ја презедоа контролата на играта и резултатот и веќе на полувремето имаа шест гола предност 17-11.
Рутински го одработија и вториот дел, за на крајот да слават со убедливи 14 голови разлика 32-18.
Во редовите на победникот најефикасен беше Томислав Јагуриновски со 6 гола, колку на спротивната страна реализира Филип Арсеновски.
Милан Лазаревски, Дарко Ѓукиќ и Марио Мишевски додадоа по 4 голови за црвено-црните.
Останатите натпревари од ова коло ќе се играат викендов.