Вечното дерби меѓу Работички и МЗТ Скопје Аеродром секогаш привлекува големо внимание.
Овојпат двата тима ќе се „судрат“ во полуфиналето на Купот.
Работнички ќе сака да ја повтори играта од последната пресметка кога победи, а МЗТ да покаже дека тоа било само лош ден.
Моменталната инспирација ќе реши кои ќе игра во финалето смета тренерот на Работнички, Горан Самарџиев.
„Првенствено очекувам фер и коректна игра и борба. Моментална мотивација ќе биде пресудна на овој натпревар.
Тактиката нема да успее. Екипите и играчите добро се познаваат, па мислам дека не може да стане збор за тактички изненадувања.
Сезонава одигравме два натпревари и забележавме по една победам, што говори дека станува збор за изедначени екипи.
Последната победа е мотив повеќе моите играчите кои сфатија дека МЗТ не е не победлив“, изјави Самарџиев.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички ќе започне од 17 часот, а истиот ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.