Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар доведе уште едно засолување во своите редови.
Станува збор за интернационалец од Хрватска, Михаел Бришки кој игра во дефанзивата.
25 годишниот доаѓа од екипата на Санџулијано, од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапил на 21 натпревар.
Тој потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони.
Во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија) и Сесвете (Хрватска).
Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.