Во второлигашката кошаркарска конкуренција вечерва се одиграа половина од натпреварите од 14-тата рунда.

Екипите кои се во горниот дел од табелата, Маџари и Шкупи, стигна до уште еден триумф, на домашен терен.

Во мечот кој треба да биде дерби, екипата на Шкупи славеше сигурен триумф против МЗТ Скопе УБ (78:67). Домаќинот доминираше од првата до последната минута, и апсолутно заслужено дојде до двата бода.

До вториот успех во меѓусебните дуели сезонава, Шкупи го предводеше новакот Двојаковски кој запиша 21 поен. Димитровски дополни со 16, Тачи имаше еден поен помалку, додека пак Џеладини заврши со десет поени.

Во составот на МЗТ Скопје Уни Банка, Талевски реализираше 17.поени, Спасовски имаше 13, Ангеловски 12, а Настовски уште 11.поени.

По првото изедначено полувреме, во кое гостите од Прилеп пружија силен отпор (48:46) за домашната екипа. Кошаркарите на Маџари направија двоцифрен плус во третиот дел. Го финишираа со повеќе од солидни 67:55 и мирно ги одиграа последните десет минути, за конечни 90:76.

Петмина домашни кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. По 19 имаа Милков и П. Блажевски, К. Блажевски имаше 14, Тодоровски 12, а Настовски 10 поени.

Кај Мега баскет, воедно и на натпреварот Јаневски беше прв стрелец на 21 поен.

Победа на гостински терен пак реализираа кошаркарите на Водно санс. И тоа во Тетово, каде беа подобри од Тетекс ТТК со резултат (80:76).

Бутемаер постигна 26.поени, Ќириловски го следеше со 18, а Трајанов додаде 11.поени. На спротивната страна, Теофиловски даде 22, Вапски 13, Крстевски 12, а Шуменковски уште 11 поени.

Утре (недела – 14 часот), во Велес ќе играат Борец баскет и Ангели, екипа која исто така е аспирант за место во првата „четворка“.

На 13. февруари ќе се одиграат последните два натпревари од 14. коло, во кои се „инволвирани“ двата кумановски второлигаши.

Лидерот, екипата на МКК Куманово како номинален „гостин“, во својата сала „Перо Наков“ од 19.часот, ќе го дочека Работнички 2018.

Во исто време, но во салата „Јордан Мијалков“, во Штип, ќе играат екипите на Соколи 1933 и Куманово 2009.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
саботата
МАЏАРИ – МЕГА БАСКЕТ 90-76
ТЕТЕКС ТТК – ВОДНО САНС 76-80
ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 78-67
недела
14.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ
вторник
19.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – МКК КУМАНОВО
19.00 СОКОЛИ – КУМАНОВО 2009

ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 26, Шкупи 25, МЗТ Скопје У.Б. 23, Ангели 21, Борец баскет 19, Мега Баскет 19, Соколи 18, Водно Санс 19, Работнички 2018 18, Тетекс 16, Куманово 2009 12.