Фудбалерите на Јужна Африка го освоија третото место на Африканскиот куп на нации.

Во „малото финале“ Јужноафриканците на пенали го победија ДР Конго со 6:5.

По 90 минути игра немаше голови, а бидејќи нема продолженија за бронзениот медал, веднаш започна пенал „рулетот“.

Таму Конго беше блиску до триумф, бидејќи Мокоена беше непрецизен во првата серија, а потоа сите погодија. Сепак во последната петтата Мбемба не успеа да го совлада голманот  Ронвен Вилијамс.

Решавачка беше седмата серија во која фантастичниот голман Вилијамс го одбрани ударот на Елија и им донесе триумф на Јужноафриканците.

Овој голман е апсолутен херој на нацијата, бидејќи во четврт-финалето против Зеленорсите острови одбрани четири пенали.

Големото финале меѓу домашната селекција на Брегот на Слоновата Коска и Нигерија ќе се игра утревечер од 21 часот во Абиџан.