„Вечното дерби“ го оправда своето име. Дуелот на градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички донесе супер неизвесна кошарка, но и прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ каде љубителите на овој спорт имаа можност да уживаат во убавината на овој спорт.
Резултатски. МЗТ Скопје Аеродром го доби Работнички во последниот натпревар од 14.коло, со конечни 91-87 по четвртини 23-22, 21-19, 22-16 и 25-30.
Првото полувреме МЗТ го доби со три разлика (44-41). Во второтo. Најголемата предност, 13 поени, аеродромци ја имаа на средината на третата четвртина, но во последниот период влегоа со +7 (66-57). Ревија на тројки, нa двете страни, видовме со последната четвртина, за на крајот да пресудат седумте промашени слободни фрлања во низа на гостите од „Градски парк“.
Најефикасен во победничката екипа беше Војдан Стојановски со 26 поени, додека кај гостите, а воедно и а натпреварот најефикасен беше Американецот, Нотиџ кој постигна 31 поени, од кои 6 тројки.
МЗТ се врати на врвот на табелата со ‘скор’ 12 победи и 2 порази, пред битолски Пелистер (11-3).
По водечкиот тандем следуваат четири тима со ист ефект (9-5), ТФТ Моцарт, Феникс, Еуро Никел и Гостивар, додека Работнички е седмо рангиран со 7 по победи и порази.