Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано, запишаа нови три бода откако вечерва на домашен терен беа поуспешни од Алмерија со 2-0.

Несреќниот Родриго Ели во 54-тата минута ја затресе сопствената мрежа за предност на Рајо од 1-0. Само девет минути подоцна Аваро Гарсија, непосредно по влегувањето во игра, со првиот допир на топката ја зголеми предноста на домаќините на 2-0, резултат кој остана непроменет до крајот.

Македонскиот репрезентативен голман и член на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски одново блескаше на голот и со неколку одлични одбрани ја сочува својата мрежа а со тоа и трите бода на неговиот тим.

Со оваа победа Рајо се проби на петата позиција која носи излез во Европа.