Ако се водиме по народната „денот по утрото се познава“, тогаш вториот дел од сезоната во машкара Супер лига би требало да донесе интересни натпревари.

Во интересен и докрај неизвесен натпревар одигра во СЦ „Јане Сандански“, Мулти Есенс го совлада Голден Арт со 24023.

По почетното водство на гостите, домашниот состав стига до првото израмнување во 6.минута (3-3). Во продолжението се играше гол за гол се до 8-8. Следуваше одличен втор дел на првото полувреме за играчите на Голден Арт. Домаќините постигнаа 8, а примија само 3 гола, па, на полувреме заминаа со +5 (16-11).

Но, тоа не го поколеба гостинскиот тим. Мулти Есенс одигра фантастични 10-тина минути во кои повторно го презема водството за 18-19. До крајот на натпреварот постојано гостите од Автокоманда ја одржуваа таа предност и славеа со 23-24.

Давид Димевски со 10 голови беше најефикасен на натпреварот и во победничката екипа, за која Михаил Иваноски постигна 6. Кај Голден Арт, прв стрелец Христијан со 7, а Дејан Гошевски постигна 5 гола.

Ова беше воведниот натпревар, од плеј-аут конкуренцијата во која утре ќе се играат два дуели, а последниот е во понеделник.

Утре стартува и плеј-оф конкуренцијата во која вниманието ќе биде насочено кон дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ – 1.КОЛО
Петок

ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС
Сабота
14.30 АЕРОДРОМ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18.30 ПРИЛЕП – СКОПЈЕ
Понеделник
17.00 КУМАНОВО – ВАРДАР НЕГОТИНО