„СПОРТОТ НЕ Е СОЦИЈАЛНА КАТЕГОРИЈА ОСОБЕНО НЕ ПРОФЕСИОНАЛНИОТ”
„Војната“ на релација Агенција за млади и спорт (АМС) контра Македонски Олимписки комитет (МОК), со „посредство“ Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК), е топ тема во мак-спортот деновиве.
Денеска двете „завојувани“ страни, излегоа со свои ставови, за и околу „спортскиот денар“, како, зошто, кој, колку „раздава“ или „трошел“, обвинувајќи се актуелната состојба во која се наоѓа македонскиот спорт!?
Имуни на ваквите обвинувања сигурно не може да останат спортистите, спортските работници и искрените вљубеници во спортот, па затоа низ социјалните мрежи денеска можевме да прочитаме мноштво на коментари, критики и сугестии, како да се надмине „кризата“.
Еден од најдобро упатените секако е Професорот Иман Анастасовски од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која заедно со повеќемина угледни соработници кон крајот на октомври месец минатата година имаа одлична презентација за аномалиите што се случуваат со така-наречениот „СПОРТСКИ ВАУЧЕР“.
Професорот Анастасовски со конкретен совет до „завојуваните“ страни.
СУЕТИТЕ ПО СТРАНА И ДА СЕ СЕДНЕ НА ИСТА МАСА,
ЗА ДОБРОТО НА СПОРТОТ ДОДЕКА НЕ Е ДОЦНА.
Во продолжение, неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост.