Младите ракометари на Мулти Еасенс, Карасманакис, Димовски и Василевски го менуваат клубот, но не и средината.
Имено, сите тројца се „прекомандувани“ од составот на Мулти Есенс во редовите на Алкалоид.
Јуниорскиот репрезентативец Валентин Карасманакис, е ракометар кој игра на позицијата пивот.
Мартин Димовски треба да ја зголеми опцијата на избор на Кирил Лазаров за десната крилна позиција. По заминувањето на Ромеро, како трета опција на голот на Алкалоид ќе биде Виктор Василевски.
Тројцата во првбиуод дел ос сезоната настапуваа за екипата на Мулти Есенс, која ќе се бори во плејаут конкуренцијата.
Затоа пак сега тие ќе имаат шанса за уште поквалитетни натпревари. Актуелниот вицешампион Алкалоид е единствената екипа во суперлигашката конкуренција која првиот дел го заврши без пораз.
Вториот дел од сезоната тимот од Автокоманда ќе го почне со гостувањето кај Пролет веќе во сабота.