Голманката Јована Трајкоска e нов член во тимот на Металург Автокоманда. Ова е прво засилување за екипата на Металург Автокомадна за вториот дел од сезона.
Јована ќе им се придружи на голманките Терзиќ и Христовска кои во претходната сезона одлично го бранеа голот на Металург.
Трајкоска потекнува од школата на Вардар со кој ги помина сите младински натпреварувања. Со Вардар таа два пати има играно во финалето од Купот на Македонија.
Трајковска претходната сезона беше дел од шампионот Ѓорче Петров. Во Ѓорче таа не доби голема минутажа покрај Кицевска и Чурлиновска.
Металург моментално се наоѓа на третата позиција на табелата со 33 бода. Пролетниот дел од женската Супер лига започнува на 17/18 февруари. Металург Автокоманда во 14 коло ќе гостува кај тимот на Спартак.
Ивона Кимовска