Обврските на трите македонски претставници во АБА2 лигата, МЗТ Скопје, Пелистер и ТФТ, беа причината за одложување на дел од натпреварите од 16.коло во Првата лига.

Затоа денеска ќе се играат три дуели од оваа рунда.

Програмата ќе ја отворат, Охрид и Пелистер со дуелот во „Биљанини Извори“ од 17 часот.

Еден час подоцна (18) ќе почнат натпреварите во Скопје и Кавадарци.

Во СЦ „Кале“ екипата на ТФТ го пречекува гевгелиски Кожув.

Во Кавадарци, ќе се игра дербито меѓу Еуро Никел и МЗТ Скопје Аеродром. Домаќините ќе атакуваат на осмата победа во низа. Шампионот пак ја брка првата победа во домашното првенство во вториот дел од сезоната. Посетување дека аеродромци ги загубија првите две средни од Пелистер и Работнички.

Победникот од дуелот во Кавадарци ќе избие на првото место на табелата, а поразениот ќе има ист „скор“ како и моменталниот лидер Работнички.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – следно 16.коло
среда
17.00 ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
18.00 ТФТ – КОЖУВ
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД
сабота
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 101-58
ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП 103-73
недела
ФЕНИКС – ГОСТИВАР

ТАБЕЛА: Работнички 28 бодови, Еуро Никел 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Чаир 26, Феникс 26Пелистер 25, , ТФТ 24, Гостивар 21, Академија ФМП 19, Вардар 19.Кожув 18, Охрид 18,