Четири од шесте натпревари одиграни во НБА лигата завршија со победи на гостинските екипи.
Двата тима од Лос Анџелес славеа победи. Во најефикасниот натпревар одигран во Атланта, Клиперси ги совладаа Хоукси со 149-114. Каваи Ленард со 36 поени и Џејс Харден со 30 поени, 10 скокови и 8 асистенции беа предводници на победничкиот тим.
Бадијала беа 41 поен на Бриџис за Шарлот кога Хорнетси загубија од Лејкерси со 118-124. Ентони Дејвис на спротивната страна имаше трипл-дабл со 26 поени 15 скокови и 11 асистенции.
Кајри Ирвинг со 23 поени и 8 асистенции заедно со Лука Дончиќ кој имаше „скромни“ 19 поени и 8 скока го предводеа Далас до тимот во Филаделфија со 118-102.
Голден Стејт се радуваше на победа кај Бруклин со 109-98. Стеф Кари 29 поени и Џонатан Куминга со 28 поени и 10 скокови беа најзаслужните за победата на „Воините“.
Онаму каде се радуваа домашните кошаркари и навивачи, Њу Орлеанс го декласира Торонто со 138:100, а Кливленд го надигра Сакраменто со 136:110.