Ракометните возбудувања во домашната Супер лига се враќаат викендов. По репрезентативната пауза, сега следува разигрувањето за трофеите.
На стартот на плејоф конкуренцијата дуел на вечните ривали Еурофарм Пелистер и Вардар.
Од таборот на битолчани, информираат дека денеска напладне почнува продажбата на картите за натпреварот што ќе се игра во сабота.
„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.
Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Поединечните билети по цена од 200 денари (странични места на трибините) и 250 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба https://kartieurofarm.mk/
Сезонава овие две екипи одиграат три натпревари.
Вардарци ги добија првите две славејќи во Супер купот, а потоа и во 1.коло од првенството. Пелистерци победија на дуелот во Битола, но недоволно за да пренесат бод повеќе во плејоф конкуренцијата.
Така Вардар заедно со Алкалоид кој имаше максимален учинок во А групата, ќе стартуваат со 3, а Пелистер и Охрид со по 2. По нив следуваат Тиквеш и Бутел со 1, додека Струга и Пролет ќе започнат од нула (0).