Екипите кои ја имаа фаворитската улога на денешните второлигашки натпревари, ги оправдаа очекувањата и славеа победи.
Екипата на МКК Куманово ја оствари 13-тата победа откако пред своите симпатизери славеше во дуелот против велешки Борец баскет.
Во дербито одиграно во СЦ „Јане Сандански“ екипата на Маџари многу полесно од очекуваното го надигра МЗТ Скопје У.Б.
Очекувани победи остварија и кошаркарите на Ангели и Работнички 2018 кои беа подобри од двата последно рангирани екипи на Тетекс и Куманово 2009.
Триумф пред своите симпатизери во Прилеп, остварија кошаркарите на Мега баскет кои беа подобри од штипските Соколи.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот Водно Санс – Шкупи.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 13.КОЛО
саботата
РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО 2009 80-58
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МАЏАРИ 70-92
АНГЕЛИ – ТЕТЕКС 83-63
МКК КУМАНОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ 76-61
МЕГА БАСКЕТ – СОКОЛИ 97-83
недела
20.00 ВОДНО САНС – ШКУПИ
ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 24, Шкупи 21, МЗТ Скопје У.Б. 22, Ангели 21, Борец баскет 19 Мега Баскет 18, Соколи 18, Работнички 2018 18, Водно Санс 16, Тетекс 15, Куманово 2009 12